Романсата меѓу Фиорентина и Џенаро Гатузо траеше само 22 дена. Иако дојде како големо засилување во Фиренца, како и да направи тим што ќе има големи амбиции, тоа сепак не се случи, бидејќи поранешниот тренер на Наполи реши да ги напушти „виолетовите“.
Така тимот наскоро ќе добие нов тренер, а првите сигнали покажуваат дека нешто чудно се случува во клубот, а најдобар показател беше раскинувањето по 22 дена.
Ова го потврдија челниците, кои посочуваат дека се разделиле пријателски.
– Фиорентина и тренерот Рино Гатузо, со заеднички договор, одлучија дека не ги делат истите визии и затоа следната спортска сезона да не ја започнуваат заедно. Клубот веднаш започна да работи на наоѓање на нов стратег кој ќе ја води екипата на „виола“ кон резултатите што ги заслужуваат Фиорентина и градот Фиренца – објавија од раководството.