Соработничка на Стив Џобс откри зошто тој го исклучувал својот телефон

од Nikola Popovski
409 прегледи

Стив Џобс скоро никогаш не го исклучувал својот Ајфон, тврди во својата нова книга, поранешната главна асистентка на Џобс, Наз Бехешти. Неколку пати, сепак, се вели, се случило тој да биде недостапен. На тој начин, тој „се враќал во реалниот свет“.

„Набрзо открив како изгледаше играта за Стив Џобс и дека таа беше еден од главните фактори во неговиот успех како голем иноватор“, напишала Бехешти.

„Кога и да го баравме и не можевме да го добиеме преку телефон, секогаш ќе го најдевме на едно место – во канцеларијата на Џони Ајви, поранешен директор за дизајн во „Епл“.

Токму во таа канцеларија се создадоа повеќето производи на „Епл“ и секогаш кога Џобс одеше во канцеларијата на Џони, тој го исклучуваше телефонот.

„Ќе полудевме барајќи го и обидувајќи се да го донесеме на состаноци. На крајот ќе мораше да го повикаме Џони и да го замолиме да го тргне Стив од играчките. Времето поминато со Џони му даде на Џобс простор за смеа, фантазија, создавање и обновено чувство на слобода“, напишала таа во книгата.

Слични содржини