Соработник на Ахмети координира вооружени лица во Чаир и Бутел, вели Мицкоски

од Nikola Popovski

Точно знае Али Ахмети што зборувам и точно знае неговиот соработник кој уживаше привилегии во претседателскиот апартман во луксузен хотел во Истанбул. Тој ја координира таа група што се движи на територија на општина Бутел и Чаир. Ги знаеме лицата и знаеме што прават, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за наводно вооружени лица што се собирале во Чаир.

Како што додаде Мицкоски, тоа што имал да го каже тоа во јавноста, го кажал.

-Дали МВР ќе постапува или не, ќе се обратите таму, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ запрашан дали разговарал со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за ваквиот развој на настаните.

Во декември 2022 година, албанскиот портал „Ора њуз“ објави дека заменик-министерот за внатрешни работи, Назим Буши платил 20.000 евра за едно ноќевање во лускузен хотел. Порталот емитуваше истражување за албански функционери кои се луксузирале во хотели, а меѓу нив се најде и функционерот од македонската влада. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ потоа побара одговор од Буши како владин функционер да каже како заработил 20.000 евра за ноќевање или кој е интересот на тој што му го платил ноќевањето.

Слични содржини