Соработник на Додик: БиХ никогаш нема да стане членка на НАТО

од Nikola Popovski
22 прегледи

Босна и Херцеговина никогаш нема да стане членка на НАТО алијансата затоа што властите на ентитетот Република Српска нема да се согласат со тоа, порачал во понеделник заменик-претседателот на Советот на министри, Сташа Кошарац непосредно по критиките на американскиот амбасадор Мајкл Марфи поради на бавниот напредок на Босна и Херцеговина кон тој сојуз.

Во Република Српска денеска се одбележува „Денот на сеќавање на жртвите од агресијата на НАТО врз Република Српска“ во спомен на бомбардирањето од авиони на воените позиции на босанските Срби.

„Денес лицемерно се обидуваат да не убедат дека членството во НАТО е во интерес на српскиот народ, дека пактот со убијците на нашите деца е нешто што е добро за нас, дека ги забораваме нашите жртви, нашите страдалници, да замижиме пред фактот дека сè уште нема одговорни за монструозните злосторства“, напишал Кошарац на својот Инстаграм профил.

Кошарац е висок функционер на СНСД на Милорад Додик, кој е под санкции на САД.

Тој посочи дека Србите никогаш нема да се согласат да го поддржат членството на БиХ во НАТО алијансата и дека ќе продолжат да се залагаат за воена неутралност.

„Никогаш нема да дадеме согласност за членство на Босна и Херцеговина во НАТО“, порача Кошарац.

Американскиот амбасадор во Босна и Херцеговина, Мајкл Марфи на крајот на минатата недела ги критикуваше власта и опозицијата во Босна и Херцеговина, сметајќи ги подеднакво одговорни за екстремно бавниот напредок на земјата кон членство во Северноатлантскиот сојуз.

Нему му одговори членот на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, кој таквото тврдење го нарече глупаво. Тој го обвини Марфи дека е соодговорен за неуспехот на патот на земјата кон НАТО поради неговото раководење со актуелната владејачка пробошњачка Тројка.

Слични содржини