Познатиот француски агент за модели, Жан-Лук Брунел (70) е уапсен под сомнение за силување, сексуален напад и трговија со луѓе. Брунел бил соработник на милијардерот Џефри Епштајн кој се самоубил во затвор додека го чекаше судењето за трговија со бело робје.
Епштајн почина во затвор во Њујорк минатата година, додека го чекаше судење под обвинение за водење мрежа што принудуваше на малолетни девојки на сексуални односи. Минатата година, властите во Франција започнаа истрага за силувањата и сексуални напади, осомничени дека ги извршиле Епштајн и некои француски државјани.
Jean-Luc Brunel detained.
First Nygard arrested, now Brunel. Bad week for the wealthy pedos! https://t.co/61k2vS8D9k
— AwareAnon (@AwareAnon) December 17, 2020
Обвинителството на САД го обвини Брунел, кој беше близок пријател на Епштајн, за „набавка“ на млади девојки за него. Минатата година, француската полиција изврши претрес во агенцијата на Брунел, Карин Моделс, која се наоѓа во близина на станот на Епштајн во Париз.
Брунел беше уапсен вчера на аеродромот Шарл де Гол во Париз, од каде што требаше да отпатува за Сенегал. Минатата година неговиот адвокат ги отфрли обвинувањата дека е во бегство и тврди дека е достапен на распит.
Да потсетиме, пред да умре, Епштајн беше обвинет за заговор за трговија со сексуални робови. Во обвинението стоеше дека примамувал десетици малолетници во неговите луксузни домови во Њујорк и Флорида, каде им плаќал за сексуални услуги.