Соработниците во нападот на Шарли Ебдо се прогласени за виновни

од Nikola Popovski
231 прегледи

Францускиот суд прогласи за виновни 14-те соучесници на напаѓачите кои во јануари 2015 година извршија напад врз просториите на весникот Шарли Ебдо и еврејски супермаркет. Соучесниците беа прогласени за виновни по разни обвиненија – од членство во криминална мрежа до учество во нападите.

Меѓу нив е Хајат Бумедиен, поранешна партнерка на Амеди Кулибали, кој уби полицајка во еврејскиот супермаркет, а потоа и четири лица.

Бумедиен е една од тројцата осомничени судени во отсуство и беше прогласена за виновна за финансирање тероризам и припадност на криминална „терористичка“ мрежа. Се верува дека е жива и побегнала во Сирија, каде ѝ се приклучила на Исламската држава Ирак и Левант (ИСИС).

Самиот Кулибали беше соработник на напаѓачите кои стоеја зад смртоносниот напад во канцелариите на сатиричното списание Шарли Ебдо во јануари 2015 година.

Соучесниците беа прогласени за виновни по разни обвиненија – од членство во криминална мрежа до учество во нападите. Обвиненијата поврзани со тероризмот се отфрлени за неколку обвинети, кои се прогласени за виновни за помали кривични дела.

Пресудата ќе следи наскоро. Обвинителите бараа казни од пет години до доживотни казни за обвинетите.

Слични содржини