Сорос: Поразот на Русија би довел до колапс на „руската империја“

од Stefanija Kuzmanovska
159 прегледи

Милијардерот Џорџ Сорос изјави дека поразот на Русија во Украина ќе резултира со колапс на „руската империја“, што поранешните советски републики би го поздравиле.

Сорос изјави и дека САД ќе ја поддржат Украина, но дека претседателот Џозеф Бајден го предупредил украинскиот претседател Владимир Зеленски дека има граници и дека Третата светска војна мора да се избегне.

Милијардерот не го откри изворот на таа информација, пренесува „Гласот на Америка“.

Тој оцени дека руската армија има лоша команда и е слабо опремена и деморализирана, но дека рускиот претседател Владимир Путин се свртел кон платеничката група Вагнер за воено да ѝ се спротивстави на Украина и дека тоа дава резултати на краток рок.

Тој исто така посочи дека Украина има шанса на пролет кога ќе го добие оружјето што ѝ го вети Западот.

„Земјите од поранешниот Советски Сојуз едвај чекаат Русите да бидат поразени во Украина бидејќи сакаат да ја зацврстат својата независност“, рече Сорос во текстот на говорот за безбедносната конференција во Минхен, кој беше пренесен од неговиот кабинет.

Како што објаснил тој, тоа значи дека Русија повеќе нема да биде закана за Европа и светот и дека би била голема промена на подобро.

Слични содржини