Американскиот милијардер од унгарско потекло Џорџ СОрос на Светскиот економски форум во Давос ги критикуваше „технолошките монополи“ како Facebook и Google.

Тој ги нарече гигантите „закана за демократијата“, додека за американскит претседател Доналд Трамп рече дека сака да воспостави „мафијашка држава“.
Тој синоќа на вечерата предупреди дека социјалните мрежи се „препреки за иновација“ и изрази загриженост поради нивната моќ да го обликуваат вниманието на луѓето.
Истовремено предупреди дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е „опасност за сите“, наведува BBC.
Сорос го нарече Трамп „привремен феномен“, кој ќе исчезне до 2020 година, ако не и порано наведува Politiko.eu.
„Во САД. претседателот Трамп сака да воведе мафијашка држава, но не може“, рече Сорос.
Додаде дека Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се „подготвени да ризикуваат нуклеарна војна за да се задржат на власт“.
Сорос го критикуваше и рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи го „диктатор“. „Русија е мафијашка држава“, смета Сорос.