Сосед на Коста К.: Ноќта пред трагедијата, тој беше на роденден со пријателите кои ги застрела

од Stefanija Kuzmanovska
508 прегледи

Сосед во зградата во која живее Коста К.(13), момчето кое вчера уби осум соученици и член на обезбедувањето, а рани шест ученици и професор по историја, истакна дека таткото на момчето секогаш бил тука за сите во зградата кога им била потребна помош – како лекар, но и како сосед.

Исто така, навел дека момчето често помагало и им носело храна на соседите.

Меѓутоа, она што сите ги изненадува е тоа што таткото на момчето имал толку многу оружје во станот.

За Коста зборуваат како повлечено и срамежливо момче, кое никогаш не го виделе со другари.

„Секогаш со нив беше само жената која ги чуваше, искрено никогаш не сум го видел со друштво. Но, знам дека ноќта пред трагедијата, тој беше на роденден со својот клас, со оние кои ги застрела! Таму имаше и едно девојче кое му се допаѓаше, и неа ја застрела“, раскажува шокираниот сосед, пренесува „Нова.рс“.

Слични содржини