Соседите на семејството Бекам се пожалија на надлежните органи од нив

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот фудбалер Дејвид и неговата сопруга Викторија Бекам имаат планови да го средат имотот во Котсволдс од 6 милиони долари, а нивните соседи се побунија поради тоа, пишува „The Sun“.

Имено, Дејвид и Викторија сакаат да изградат безбедносна куќа со 24-часовен надзор, потоа тунел под куќата, вински подрум, но и големо езеро за пливање.

На соседите воопшто не им се допаѓаат овие планови и тие веќе се обратија до надлежните власти со писмо со цел да го спречат семејството Бекам да ги изведе сите овие градежни работи.

„Тие сакаат да го претворат селото во предградие“, се пожали еден од соседите.

Слични содржини