376
Во категоријата за Најдобра главна машка улога се бореа Жоакин Феникс, Адам Драјвер, Леонардо Дикаприо, Антонио Бандерас и Џонатан Прајс.
Конкуренцијата, мора да признаеме, беше навистина силна, а како најдобар меѓу најдобрите оваа година се издвои Жоакин Феникс за улогата во филмот „Џокер“.
Досега Феникс бил номиниран 4 пати за Оскар, но ова е првпат да ја добие статуетката.
Тој при подигнувањето на наградата изјави дека актерите имаат благослов да зборуваат со гласот на оние кои никој не ги слуша.
It’s official! #Oscars pic.twitter.com/kffGyeWUWB
— The Academy (@TheAcademy) February 10, 2020