Склучувањето на брак значи доживотно поврзување со одредена личност, а тоа е еден од најважните чекори во нашите животи.
Повеќето од нас сонуваат за прекрасна свадба, но понекогаш дури и тогаш среќата не доаѓа. Сценариото може да биде и полошо, ако донесеме вакво решение, поттикнати од неправилни причини. Кои се оние кои во никој случај не треба да нè тераат да склучиме брак?
– Поранешниот / бившата ја донел оваа одлука и претстои да се ожени / омажи.
– Затоа што сакаме некој друг да се готви и чисти наместо нас.
– Компатибилни сме со некого според хороскопот.
– Затоа што веќе сме на возраст на која се очекува да го преземеме овој чекор.
– Сите околу нас се женат.
– Веќе ни се сака да имаме голема и раскошна венчавка.
– Идејата за меден месец ни изгледа многу атрактивно.
– Биолошкиот часовник отчукува и треба да преземеме мерки.
– Ја немаме волјата да се разделиме со партнерот, дури и работите меѓу нас да не одат.
– Затоа што сме најголемото дете во семејството и според сите “веќе е време”.
– Сакаме некој друг да ги плаќа сметките.
– Затоа што ни се сака некој да се грижи за нашите родители.
– Сметаме дека тоа е главната цел во нашите животи.
– Непредвидена бременост.
– Затоа што почнуваме да оќелавуваме.
– Сакаме мираз и многу подароци.