Во тек е 12-та седница на Советот за безбедност во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија на која се разговара за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 и активностите на надлежните институции.
-Ја разгледуваме моменталната состојба со пандемијата во нашата земја, мерките и активностите на надлежните институции. Покрај редовните членови, на седницата е присутен и министерот за здравство Венко Филипче, пишува на Твитер профилот на претседателот на РСМ.
На 12-тата седница на #СоветЗаБезбедност ја разгледуваме моменталната состојба со пандемијата на #Ковид19 во нашата земја, мерките и активностите на надлежните институции.
Покрај редовните членови, на седницата е присутен и министерот за здравство Венко Филипче. pic.twitter.com/oiqZCmBCpq— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) March 30, 2021