Состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ и Западен Балкан во Брисел

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Министрите за надворешни работи на Европската унија во Брисел ќе се сретнат со шефовите на дипломатиите на шесторката од Западен Балкан, а со состанокот ќе претседава високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Шефовите на дипломатиите на Европската унија се среќаваат со своите колеги од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија по објавувањето на новиот годишен пакет за проширување и план за раст за Западен Балкан од шест милијарди евра за период од 2024 до 2027, известува агенцијата „Бета“.

Борел им рече на новинарите, во пресрет на министерскиот состанок, дека ЕУ покажа колку е важен тој регион за неа.

„Ќе разговараме за неодамнешниот извештај на Комисијата за проширување, ќе инсистираме на потребата од усогласување на политиките бидејќи некои земји не го направија тоа, а денеска ќе има целосна програма“, рече Борел, јави „Танјуг“.

Слични содржини