Состанок што може да ја промени сликата на северот на Африка

од desk2
148 прегледи

Египетскиот претседател Абдел Фарах ел Сиси денес разговарал со командантот на бунтовничките сили од истокот на Либија, Калиф Хафтар, за развојот на ситуацијата во Либија.


Египет има многу блиски односи со Хафтар, кој моментално е под меѓународен притисок поради офанзивата на Триполи, пренесува “Reuters”.

На фотографиите објавени во медиумите се гледаат Хафтар и Сиси како разговараат во присуство на шефот на разузнавачките служби Абас Камел, но без дополнителни детали.

Хафтар, поранешен генерал на војската на Гадафи, кој подоцна се свртел против него, долго го најавувал походот на Триполи, кој го држи владата која е признаена од меѓународната заедница.

https://www.youtube.com/watch?v=JqbJa7pgqhU

Слични содржини