Заврши состанокот меѓу тимовите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, за спроведување на договорот од Пржино за надминување на политичката криза во Македонија.
На состанокот во Клубот на пратениците присуствуваа Никола Попоски и Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Цветанка Иванова и Дамјан Манчевски од СДСМ, Муса Џафери и Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА.
На дневен ред на средбата беа измените на Изборниот законик, прочистувањето на Избирачкиот список, гласњето на дијаспората, и надлежноста на Државната изборна комисија, а како олеснувач на разговорите беше присутен Питер ван Хојт од Белгија.
Неофицијално, партиските претставници успеале да ги доближат ставовите по прашањата поврзани со пречистувањето на избирачкиот список и со зголемувањето на надлежностите на Државната изборна комисија, а за утре била закажана средба на работната група, на која треба да се дискутира само за специјалниот обвинител.