Состојбата на Чедомир Јовановиќ е подобра: Свесен е и комуницира

од Nikola Popovski

Претседателот на српската Либерално-демократската партија (ЛДП), Чедомир Јовановиќ веќе неколку дена е во болница, каде прима морфиум поради силна болка. Според добро информиран извор близок до семејството Јовановиќ, лидерот на ЛДП во моментов е во свесна состојба.

„За разлика од претходните денови, тој се чувствува многу подобро. Во моментов е свесен и може да зборува. Ситуацијата е многу подобра отколку претходните денови “, вели извор за српските медиуми, кој објаснил дека Чедомир Јовановиќ бил хоспитализиран ден по Божиќ, а семејството првично се посомневало во срцев удар поради силна болка во градите и стомакот.

„Тогаш тој не беше свесен. Не знаеше каде е и не можеше да зборува“, додава изворот.

Изворот понатаму објаснува дека лекарите со денови не знаеле зошто Јовановиќ чувствува силна болка и дека се сомневаат во повторна инфекција со коронавирусот, но дека сите тестови биле негативни. На крајот, се покажало дека тој има воспаление на нервите и ‘рбетниот мозок, што, според лекарите, може да биде последица на коронавирусот што Јовановиќ го прележа летото 2020 година, потврди изворот.

„Лекарите предвидуваа долг третман, тој во најдобар случај ќе мора да биде во болница уште еден месец или два“, додава неименуваиот извор. Неговата сопруга Јелена Јовановиќ претходно за локалните медиуми изјавила дека лидерот на ЛДП се чувствува лошо со месеци, чувствува силни болки во дијафрагмата и рече дека здивот неочекувано му се скратува.

Од истата причина, тој престана да тренира, па не беше изложен на никаков физички напор повеќе од пет месеци, изјави изворот близок до неговото семејство.

Слични содржини