Лекарите проценуваат дека во овој момент состојбата на рускиот блогер и лидер на опозицијата Алексеј Навални е стабилна, но тешка, објави Министерството за здравство од регионот Омск, додавајќи дека специјалисти од Москва во петок ќе дојдат во Омск на продолжена консултација.
„Лекарите во моментов ја оценуваат неговата состојба како стабилна, но тешка“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Според Министерството, се одржале телемедицински консултации со водечките федерални центри.
„Договорени се тактиките на третман и испрашување“, се вели во соопштението.
Министерството посочи дека „на покана на регионални специјалисти и по барање на роднините на Навални, уте ќе дојдат анестезиолози, реаниматори и неврофизиолози на Националниот медицинско-хируршки центар „Пирогов“ и Националниот центар за медицински истражувања на неврохирургија „Н. Н. Буденко“ за да се одржи продолжен конзилиум”.
Анатолиј Калиниченко, заменик главен доктор во болницата во Омск, порано изјави дека неговата здравствена состојба е стабилна и дека, според резултатите од тестовите, кај Навални не се пронајдени знаци на мозочен удар, срцев удар, инфекција или коронавирус.
Потсетуваме, на Навални му се слоши порано денес на летот од Томск кон Москва. Авионот итно слета во Омск. Лидерот на опозицијата е пренесен во болницата каде паднал во кома. Засега се претпоставува дека Навални била отруен од нешто што било ставено во неговиот чај на аеродромот.