228
Состојбата по болниците се стабилизира, во наредниот период очекуваме повеќе исписи од приеми на болни пациенти,сподели министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
-На денешниот состанок со директорите на ковид центрите во Скопје разговаравме за состојбата со вирусот. На инфективните оддели има доволно слободни места. Состојбата ја следиме од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат, смета тој.