293
Советот за безбедност денеска на седница ќе дискутира за актуелната состојба со ковид-19 во земјава.
„Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче. На седницата ќе се разговара за актуелната состојба со пандемијата на ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“,информира прес-службата на претседателот Пендаровски.