Состојбата со ковид во земјава полека се стабилизира надлежните оценуваат дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и наведуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Пристигнуваат донацијата на фрижидери
Пет фрижидери донација од американска фондација со капацитет да мрзнат до -80 степени за чување на вакцини против коронавирусот се очекува месецов да пристигнат во земјава.
Од Министерството за здравство велат дека ќе има и дополнителни вакви магацински капацитети преку донации.
Останатата инфраструктура за вакцинацијата е подготвена, операторите веќе имаат т.н. студени соби и возила за ладен синџир на дистрибуција на вакцините.
Здравствените работници, исто така, ќе добијат посебен тренинг за манипулација со самата вакцина, односно за земањето, дозирањето и растворањето.
Првите дози вакцини преку Ковакс-механизмот се очекува земјава да ги добие кон крајот на јануари или почетoкот на февруари. Потоа, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, преку директна спогодба со компанијата „Фајзер“ и донација од Делегацијата на ЕУ се очекуваат вакцини за вкупно 1,2 милиони граѓани.
-Вакцините се безбедни и вакцинацијата е единствениот начин да го победиме вирусот. Продолжуваме и понатаму да информираме транспарентно и точно, со цел граѓаните да добијат правилни информации за важноста и безбедноста на овој процес, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Обезбедени се 800.000 вакцини
„Првите вакцини пристигнуваат веќе од наредниот месец. Обезбедени се 800.000 вакцини за цела 2021, а првите дози од вакцината на ‘Фајзер’ ги очекуваме веќе во февруари. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на целото население, за конечна победа над пандемијата“, најави претставникот на владејачката партија, изјави на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419.