Сотирова-Бухова: Битолската болница да се обезбеди адекватна просторија за починатите

од Берта Китинска

Битолската болница да се обезбеди адекватна просторија за починатите и наложи Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) по вонредниот надзор кој го спроведе откако на социјалните мрежи и во медиумите излегоа фотографии како во иста просторија во тријажниот центар пациенти примаат инфузија, а на други кревети лежат починати пациенти.

Оваа ситуација, според податоците на ДСЗИ, се случила на 22 месецов околу 16:30 часот, кога во болницата во Битола имало 13 починати пациенти, а капацитетите на моргата се за четворица починати.

„На директорката ѝ е наложено да обезбеди адекватна просторија или проширување на моргата, која ќе одговори на потребите. Во однос на изолираноста на пациентите со паравани, тие се веќе поставени и се задоволени основните критериуми, почитувајќи ги правата за приватност според Законот за права на пациенти“, изјави директорката на ДСЗИ Ирина Сотирова-Бухова.

Инспекторите досега извршил 21 надзор за случаи на починати пациенти, а во тек се 9 вонредни инспекции во болниците ширум земјава. Вицепремиерот Љупчо Николовски по денешната средба со нив вети дека ќе бидат засилени со нов кадар и дополнителни ресурси за работа.

Слични содржини