Сотирова-Бухова: Само 4 медицински сестри се надлежни за 56 пациенти во Штипската болница

355 прегледи

Спроведени се 7 вонредни инспекциски надзори за смртта кај помлади пациенти кои починале како последица од Ковид 19, истакна на денешната прес конференција, директорката на Државниот санитарен и здравствен иснпекторат, Ирина Сотирова-Бухова.

Од претходно познато е дека во Министерството за здравство е инициран вонреден инспекциски надзор, па оттаму извештаите се препраќаат на таа адреса.

Она што предизвика реакции во јавноста, беше случајот со 41-годишната пациентка, која почина поради компликации од Коронавирусот на Инфективното одделение во Штип. Оттаму, СЗИ со решение му наредиле на директорот да се состане Комисијата за следење на квалитет која ќе ја утврди фактичката состојба за спроведеното лекување на пациентката и околностите кои довеле до смртен исход.

Жената како што посочи нејзината ќерка во својот фејсбук статус, немала претходни заболувања, но се жалела на негрижата на медицинскиот персонал во болницата, од кого барала боца кислород, но истата не ја добила, по што настапила смртта.

„ Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на Комисијата. Утре е третиот ден и доколку не се постапи, ДСЗИ ќе изврши надзор за констатирање на непостапување по решение“, рече директорката.

Од она што утврдиле од ДСЗИ на терен, е дека на Инфективното одделение во Штип лежат 56 пациенти, за кои се грижат два тима кои се на смена по 12 часа. Во секоја смена има по тројца доктори, од кои еден е инфектолог, а другите двајца се со сродни специјалнисти кои ротираат меѓу одделенија. Во една смена има по 4 сестри, од кои најмалку две се од матичното инфективно одделение.

„Констатирано е дека во секоја соба за болните е истакнат телефонски број кој служи за комуникација меѓу пациентите и персоналот. ДСЗИ му наложи на директорот под итно да ја свика Комисијата и да се испоира целокупната постапта во лекувањето на пациенткта. Утре ги чекаме конкретните нивни наоди“, кажа д-р Сотирова-Бухова.

Слични содржини