Македонската јавност вчера беше сведок на уште едно медиумски експонирано притварање на двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои се од редовите на Социјалистичката партија на Македонија. Истовремено се бара притвор за уште еден поранешен министер и актуелен пратеник, исто така од редовите на Социјалистичката партија на Македонија.
Овие спектакуларни апсења на поранешни министри се со цел да актуелната власт ја дефокусира јавноста од сите скандали кои секојдневно ја потресуваат Македонија. Ова е уште еден нарачан, политички мотивиран процес без никакви докази со омиленото кривично дело на власта, Злоупотреба на службената положба.
Како партија, убедени сме во невиноста на поранешните министри од нашите редови и сметаме дека истата ќе ја докажат во фер и транспарентна постапка.