Соуза: Гоќовиќ е себичен што дојде невакциниран во Австралија

од Nikola Popovski

Жоао Соуза, португалски тенисер, го критикуваше Новак Ѓоковиќ дека невакциниран дошол на Австралија Опен.

Соуза моментално е 137. играч на планетата и никого не обвинува за својата позиција, но се лути поради тоа што иако е професионален тенисер не може да заработи доволно за својот живот.

„Видете, пред неколку дена разговарав со челниците на АТП и им кажав дека е незамисливо денес играч кој е 200-ти во светот да не може да живее од тенис. Сега 200. на АТП листата лесно може да го победи 60. тенисер во светот“, објасни Соуза на крајот од минатата година.

„Почитувам дека се бори за она во што верува и можам да сочувствувам со него за она што го живее во Австралија, но себично е од него да дојде овде како единствен невакциниран играч. За нас играчите ни е тешко да го прифатиме тоа“, изјави Соуза во Австралија и додаде:

„Многу играчи, но не и јас, не сакаа да се вакцинираат, но тоа го правеа за да играат турнири. Тој најде начин да ги заобиколи тие правила“.

Слични содржини