Совет на Амбасадори: Владата храбро да работи во искоренување на корупцијата и организираниот криминал

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Здружението за меѓународна политика „Советот на амбасадори“ во целост ја поддржува констатацијата изнесена во Извршната наредба на претседателот на САД Џо Бајден дека во земјите на Западен Балкан има широко распространета корупција во разни влади и институции со што се отежнува и успорува напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските интеграции, порачува Извршниот одбор на Советот на амбасадори.

Тие ја поздравуваат определеноста на САД лицата кои директно или индиректно, претставуваат закана по имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор како што се Преспанскиот Договор и Охридскиот договор да се ставаат на таа листа.

-Советот на амбасадори смета дека во нашата држава како и во соодветните институции се направени одредени напори да се доведат пред органите на правдата лицата кои во Извршната наредба се категоризирани како лица кои се одговорни, или се вклучени директно или индиректно во недозволените активности корупција од било кој сегашен или поранешен владин функционер, велат од Извршниот одбор.

Советот ја повикува Владата и понатаму, како што велат, храбро да работи во искоренување на корупцијата и организираниот криминал и кај поранешните функционери и во сопствените редови со цел на создавање на држава без криминал од сите видови и со голем степен на одговорност кој ќе не води кон благосостојба.

Слични содржини