Советот за надворешни работи на Европската унија денеска, како што најави шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов, треба да расправа за Македонија и да излезе со заедничка позиција во врска со случувањата во земјата и за мерките што треба да се преземат.
Денеска во Скопје треба да се одржи состанок на лидерската четворка: претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли и евро амбасадорот Аиво Орав.
Средбата е закажана за 13 часот и 30 минути во Клубот на пратениците. Таа е продолжување на средбата што почна во петокот, со цел излез од политичката криза во Македонија. Очекувањата се мали дека нешто повеќе од договро за договор ќе се случи, за разлика од очекувањата на веќе утрешната директна нова средба во Старзбург во Европарламентот , меѓу Груевски и Заев.
