Советот на обвинители преку писмено соопштение реагираше на повикот на Јанева до избраните помошници.
“Информациите за јавувањето на обвинителката Јанева со барање до обвинителите да не одат на свечената изјава во советот, e повторен непринципиелен притисок врз советот. Истакнуваме дека јавните обвинители и јавната обвинителка Катица Јанева се избрани да ја вршат надлежноста во согласност со законот, а не да водат политика. Советот изразува подготвеност доколку обемот на работа на Специјалното обвинителство се зголеми, да донесе одлука за проширување на бројот на јавните обвинители во тоа обвинителство” – се наведува во соопштението.
.
