Совети за родителите како да ги мотивираат своите деца да носат заштитна маска

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Невена Ловринчевиќ, клинички психолог и автор на неколку прирачници за родители, за порталот „Нова.рс“ даде корисни совети за родителите за тоа како да ги мотивираат и советуваат своите деца да носат заштитна маска, особено кога се на училиште.

„Информациите за причините за носењето на маска прилагодете ги на возраста и интересите на детето. Немојте да го преоптоварувате со информации. Притоа немојте да го плашите детето со зборовите ‘ако не носиш маска ќе се разболеш… или ќе заразиш некого’. Наместо тоа, можете да кажете – ‘За подобро да се заштитиме, најдобро е сите да носиме маски’. Бидете кратки и конкретни во објаснувањата за вирусот. И следете ги прашањата на детето, на кои треба да се одговори кратко и конкретно, а пред се искрено“, рече Ловринчевиќ и наведе дека и натаму треба да се разговара со детето за да прифати да носи маска.

Не е на одмет детето со него да има интересна илустрација, со која полесно ќе се потсети како правилно да ја носи маската.