Советничка го праша градоначалникот дали Ленин Јовановски е вработен како надворешен консултант во ЈСП, Ѓорѓиевски вели дека не го познава лицето

„Ако не знаете кој е Ленин Јовановски, да го распуштиме Советот и да си одиме дома. За време на вашата кампања, точно сте застанати со него на коњопој на прослава“, кажа Станковска и покажа фотографија

од Nikola Popovski
25 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Советничката во Град Скопје од редовите на Левица, Евгенија Станковска денеска го праша градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски дали се точни тврдењата дека директорот на „Слободан превоз“, Ленин Јовановски е ангажиран како надворешен консултант на раководството на ЈСП Скопје и ако е така, дали станува збор за политичка наплата за, како што рече, неговата улога во организирање на протести и притисоци поврзани со приватните превозници.

-Како е воопшто прифатливо, приватни интереси и лица тесно поврзани со нив да имаат влијанија врз одлуките и политиките на едно јавно претпријатие кое исклучиво треба да работи во јавен интерес, кажа Станковска на седницата за советнички прашања.

На тоа градоначалникот одговори дека „не може да сети на лицето за кое станува збор, но, ќе побара информација од директорот на јавното претпријатие“. Вели дека е сериозен колапсот во ЈСП и околу системот на наплата.

-За лицето ќе побарам информација од директорот да ме информира детално. Во минатиот период имаме платено на некој кој што го имплементирал системот на наплата на ЈСП над 2 милиони евра за нефункционалност. Добро знаете какви обврски наследивме таму.

Станковска се надоврза на одговорите на Ѓорѓиевски:

„Ако не знаете кој е Ленин Јовановски, да го распуштиме Советот и да си одиме дома. За време на вашата кампања, точно сте застанати со него на коњопој на прослава. Точно знаете кој е Ленин Јовановски. Не смее да биде консултант некој што се смета за кралот на приватните превозници“, рече советничката, приложувајќи заедничка фотографија на која се Ѓорѓиевски и Јовановски.

Слични содржини