Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата: Нема да дозволиме Скопје да остане без јавен превоз

од Берта Китинска
107 прегледи

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје испрати соопштение до јавноста и порача дека ќе побараат вонредна седница.

„Очигледно дека власта на СДС и ДУИ потонаа во медарството на Данела Арсовска. Од многу заедничко медарање скопјани може да останат без јавен превоз. Ете така изгледа кога коалицијата Арсовска, СДС, ДУИ кохабитираат за Скопје“, се вели во соопштението.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ порача дека нема да дозволи „неспособното и неодговорно однесување на владата, град Скопје, градоначалничката и раководството на ЈСП да ги остави граѓаните, студентите, учениците, пензионерите без јавен превоз и како советничка група бараме итна вонредна седница за спас на јавниот превоз, каде ќе доставиме одлука за префрлање средства на ЈСП и приватните превозници“.

ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестира пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите.

Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје поради што скопјани можат да останат без превоз.

Слични содржини