Советничка на Ангела Меркел: Мутантите ќе нè прегазат, вирусот доби ракетен погон

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Ако сакате да избегнете долготрајно „заклучување“, мора веднаш да воведете уште построги мерки, предупредува германскиот вирусолог Мелани Бринкман. Британскиот вид брзо се шири, короната ќе не мачи и во 2022 година.

Бринкман е член на советодавниот тим за борба против пандемијата на Ангела Меркел, а утре најголемата европска економија ќе одлучи што да прави по 15 февруари, кога истекува последната одлука за заклучување. Многумина очекуваа дека заклучувањето ќе биде укинато затоа што Германија има голем пад на бројот на новоинфицирани. Но, вирусот има поинаква логика, пренесува „Јутарњи лист“.

Во Европа циркулира британски вид на коронавирус, многу позаразен од стариот. Сè уште не е познато дали британскиот вид е позаразен за 30 или 50 проценти, вели германскиот вируолог.

„Но, дури и со само 30 проценти, ние всушност имаме сосема нова пандемија. Новата пандемија се загрева во позадина, без ние уште да можеме да ја видиме јасно. Нема да можеме да се справиме со неа со мерките што сега се на сила. Повторно бројките ќе растат експоненцијално, така што ќе мора да ги спречиме контактите уште поригорозно. Единствено прашање е дали ќе го сториме тоа еднаш, одлучно и доследно, или ќе влеземе во кратко отварање, како вовед во ново долго затворање“, објаснува Мелани Бринкман во интервјуто за последниот број на германски „Шпигел“.

Со други зборови, советничката на Ангела Меркел се залага за веднаш прогласување на целосен карантин, сеопфатен и краток. Ако не се направи тоа, ако постои двоумење, британскиот вид ќе не принуди на долгорочна несакана блокада. И тоа не само на Германија затоа што британскиот вид (и другите видови) се шири низ цела Европа.

Прашање е само на неколку недели пред да се прошири високозаразниот вид во Германија, ги предупреди таа канцеларката и премиерите на покраините.

„Јас тоа јасно го кажав: Мутантите од Велика Британија и други ќе не прегазат, вирусот доби ракетен погон. Сега се поставува прашањето дали можеме да добиеме време, дали можеме да го запреме триумфалното напредување на новите видови? Објаснив дека не е важно дали сега имаме 0,5 или 1,5 процент: ќе се случи тоа како во Англија, видовите ќе преовладуваат. Тоа е закон на природата“, истакнува Бринкман.

Слични содржини