Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја прекина седницата на град Скопје, се правело бугаризација

од Vladimir Zorba
454 прегледи

Советничката група во Град Скопје составена од ВМРО ДПМНЕ, Социјалистичка партија на Македонија, МААК, Демократски сили на ромите, Демократска партија на Србите во Македонија, Српска напредна странка во Македонија, Роми обединети од Македонија (РОМ), ГЛАС за Македонија, Демократска бошњачка партија и Левица направи прекин на седницата во град Скопје и порача Не за Бугаризација и асимилација на Македонија.

„Додека се прави предаство на националните и државни интереси нема да седиме неми и ќе бидеме гласни против негаторската политика на владата на националните и државни интереси и отворената бугаризација наметната од Владата предводена од антимакедонската СДСМ. Македонија не смее да биде заложник и жртва на предаствата на владата предводена од СДСМ и ДУИ“, велат оттаму.

Слични содржини