Советничката Штерјова обвинува за партизација на управните одбори, Град Скопје возвраќа дека изборот е стручeн

Советничката од СДСМ во Советот на Град Скопје и членка на Мандатната комисија, Кети Штерјова, изјави дека новите 117 членови на управните и надзорните одбори биле избрани по партиски клуч, а не според јавниот интерес.

од desk4
15 прегледи Фото: Принтскрин

Штерјова посочи дека биографиите им биле доставени само на членовите на Комисијата, наместо на сите советници, со што, според неа, се прикривал фактот дека станува збор за кадри блиски до ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и другите коалициски партнери.

Таа наведе дека меѓу предложените има поранешни кандидати за советници, партиски членови и донатори, како и лица со семејни врски со високи партиски функционери. „Се поставува прашањето дали јавните претпријатија треба да служат за партиската агенда или за граѓаните. Како оваа кадровска понуда е водена од јавниот интерес, кога гледаме срамни стручни биографии, наспроти богати партиски сивија“, изјави Штерјова.

Од друга страна, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ги отфрли обвинувањата, истакнувајќи дека при изборот никогаш не се води од партиски критериуми. Според него, сите предложени кандидати имаат соодветно професионално и стручно искуство и се избрани за ефикасно справување со проблемите во јавните претпријатија.

„Никогаш не ја ставам партијата пред интересите на граѓаните“, порача Ѓорѓиевски.