Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат да се покрене постапка против директорката на „Комуналец“

од Nikola Popovski
328 прегледи

Не можам да си поверувам дека во третата дека од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје и денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени по улиците, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија насловена „Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните“.

Истакна дека денеска кога се движел низ славните градски улици забележал дека сепак ѓубрето не е исчистено од контејнерите и покрај тоа што во текот на вчерашниот ден било кажано дека булеварите се чисти и од денеска ќе се чистат споредните улици.

Како што најави Андоновски на следната седница како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од надзорните и управните одбори на ЈП Дрисла да покрене постапка против директорот, како и јавното претпријатие Комунална хигиена да достави извештај за работењето за да се виде кои и колку вработени не оделе на работа.

-На следната седница на советот на Град Скопје ќе побарам од Надзорните и Управните одбори да покренат постапка против директорот на ЈП Дрисла, ја имаат таа надлежност и во исто време ќе побара од Надзорниот и Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена да достави извештај за работењето и да видиме кои и колку се тие вработени кои што не оделе на работа, заклучи Андоновски.

Слични содржини