Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја изгласаа иницијативата за враќање на Ќосето

од Nikola Popovski
167 прегледи

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје ја изгласаа иницијативата за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев Ќосето. Од партијата велат дека овој историски лик заслужува спомен обележје и заемна почит.

Според ВМРО-ДПМНЕ, фрапира, како што велат, „антимакедонското однесување на СДС која се противеше на поставување на спомен обележјето што преставува продолжува на нивните политики за разградување на македонското јадро“.

-По изгласувањето на одлуката, на потег е Арсовска која не треба да потклекне на влијанијата на нејзината коалиција во Советот предводена од СДС која е јасно против ваквата иницијатива, велат од најголемата опозициска партија.

Арсовска уште во месец август достави иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на споменикот. Од Град Скопје тогаш информира дека спомен обележјето ќе добие нова локација и тоа на крстосницата помеѓу булеварите „Александар Македонски“ и „Беласица“, североисточно од кружниот тек.

Споменикот на Ќосето беше поставен пред комплексот судови во Скопје како дел од серијата споменици што беа поставени во главниот град за време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Споменикот од пред комплексот судови го отстрани поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година затоа што, покрај контроверзноста, имаше решение за отстранување бидејќи беше дивоградба.

Слични содржини