Специјалната канцеларија за истражни работи при американската влада (ОСЦ) денес објави дека Питер Наваро, советникот за трговски прашања на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја прекршил федералната регулатива, т.н. „Закон на Хеч“, бидејќи тој се занимавал со партиски активности додека извршувал службената должност во сојузната влада.
ОСЦ исто така објави дека Наваро добил можност да се изјасни за овие обвинувања, но дека тој одлучил да не го стори тоа, објави Ројтерс.
Во извештајот објавен од „Блумберг“ се вели дека Наваро бил обележан како одговорен за кршење на законот, затоа што неколку пати се појавувал во медиумите како службеник на американската влада и се обидел да влијае на предизборните активности и резултатот од изборите
Така го прекршил „Законот за Хеч“, закон донесен во 1939 година со цел да спречи сојузен службеник да ја користи својата официјална позиција „на опасен начин“ и да ги промовира страните на кои припаѓа.
За време на неговите медиумски напади за време на изборната година, Наваро „повеќепати го напаѓаше кандидатот за претседател на Демократската партија Џо Бајден и кандидатот за претседател на Демократската партија, Камала Харис“, се вели во извештајот на „Блумберг“.
Меѓу другото, тој го искористил својот профил на Твитер на трговскиот советник на претседателот Трамп за да испрати обвиненија против Бајден и го нарече „мек“ заради неговиот став кон Кина, како и „плагијатор“.
Прекршителите на Законот се казнуваат со суспензија и парична казна, но тие можат да бидат и кривично гонети, според американските закони, и доколку службено лице на федералната администрација го прекрши „Законот на Хеч“, претседателот е должен да го казни.
Како и да е, сегашниот претседател на САД веќе се оглуши за тој закон, бидејќи тој одби да ја санкционира неговата советничка Келијан Конвеј, која претходно беше обвинета за кршење на таа регулатива.
Белата куќа одби да ги коментира денешните обвинувања на ОСЦ против Питер Наваро.