Советник на ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкцијата на Универзална сала е небезбеден проект

од Nikola Popovski
334 прегледи

СДСМ се обидуваат очајно да се оправдаат за скандалозниот проект за реконструкција на Универзалната сала, изјави Сергеј Попов, советник во Совет на Град Скопје и претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, констатирани се бројни грешки, а и претходното градско раководство и Шилегов знаеле и констатирале недостатоци.

-Oва го потврдува и изјавата на советничката од СДСМ Љубица Јанчева која на седница на совет ќе изјави цитирам „Знаевме за техничките проблеми и пропусти во проектот и истите беа констатирани“. Советничката на СДСМ Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Скопје за време кога градоначалник на главниот град беше Петре Шилегов, самата вели дека проектот бил стопиран од претходниот градоначалник за да биде безбеден проектот, рече Попов.

Тој отворено прашува дали грантовите од стотици илјади евра и позицијата член на извршниот одбор во СДСМ беа пресудни овие двајца да бидат клучните кои ќе го бранат неодбранливото.

-Очигледно дека на СДСМ им било битно пред избори да почнат некакви градежни активности и не се направени соодветни анализи, не се видело дека ќе требаат дополнителни столбови за да има навистина квалитетна сеизмичка одржаност на овој објект и не бил направен соодветен увид, кажа Попов.

Слични содржини