156
Економскиот советник на украинскиот претседател, Александар Родњански, денеска изјави дека тврдењето на рускиот лидер Владимир Путин дека Русија е подготвена да преговара е само начин Москва да купи што повеќе време и дека не може да ѝ се верува.
„Планот тргна ужасно лошо за нив и тие го знаат тоа, така што им треба повеќе време да се регрупираат и да ги обноват своите трупи“, рече Родњански за Си-Ен-Ен.
Советникот на Зеленски рече дека Кремљ се обидува да го одврати светот од испраќање дополнителна воена помош за Украина и дека „не смеат да паднат во таа замка“.