Советник на Зеленски за говорот на Путин: „Изгубил контакт со реалноста“

од Stefanija Kuzmanovska
141 прегледи

Денешното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во парламентот покажа дека тој изгубил контакт со реалноста, оцени советникот на украинскиот претседател, Михајло Подољак.

Во изјава за „Ројтерс“, тој изјави дека Путин „се наоѓа во сосема поинаква реалност, каде што нема можност да се организира дијалог за правда и меѓународното право“.

Според неговите зборови, Путин покажува „конфузија“ и „неразбирање на ситуацијата“, што ќе ѝ донесе дополнителни тешкотии на Русија во блиска иднина.

Слични содржини