Советник од бугарската амбасада ќе го посети Камчев во притвор

од Берта Китинска
366 прегледи

На денешното судење на „Плацеви на Водно“, судијата Илија Трпков му дозволи на Герман Ванчев, советник за политички прашања, безбедност и миграција во Бугарската амбасада во Скопје, да го посети во притвор бизнисменот Јордан Камчев на 5 ноември.

Барањето е од Бугарската амбасада до Министерството за правда. Министерот Бојан Маричиќ дозволил, но морал да го праша Кривичниот суд, односно судијата Иле Трпков. Бугарската амбасада со вербална нота до Маричиќ побарала Ванчев на 5 ноември да го посети во притвор граѓанинот на Република Бугарија Јордан Камчев.

Слични содржини