Советник од една политичка партија нападнал вработена во општина Гази Баба

од Nikola Popovski
258 прегледи

МВР соопшти дека вработена во Општина Гази Баба пријавила дека ја нападнал советник.

„Вчера, во 20.20 часот, во Полициската станица Гази Баба, Б. М. (42) од Скопје пријавила дека на 29 април, околу 14.30 часот, на нејзиното работно место во објектот на Општина Гази Баба, А. Т., советник од една политичка партија, ѝ упатил закани, а се обидел и физички да ја нападне, но бил спречен од присутните советници“, велат од полицијата и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини