Советник од ВМРО-ДПМНЕ се координира со ПР тимот на партијата за гласањето за субвенциите за ЈСП?

од Vladimir Zorba

Град Скопје денес остана без јавен градски превоз, откако советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Советот блокираа изгласување на субвенции за ЈСП, со цел да се исплатат платите на вработените.

За време на седницата, советникот од ВМРО-ДПМНЕ и меѓународен секретар на партијата, Стефан Андоновски беше фотографиран како на „Ватсап“ се договора со тимот на ВМРО- ДПМНЕ за делување по ова прашање.

Андоновски во групата може да се види дека комуницира и со експратеникот од опозициската партија, Илија Димовски.

Граѓаните на социјалните медиуми коментираат дека ваквиот однос на опозициската ВМРО-ДПМНЕ покажува дека свесно креираат хаос во државата и Град Скопје, обидувајќи се на тој начин да освојат политички поени на гневнот на граѓаните.

Слични содржини