Советникот Крстевски е нов в.д. градоначалник на општина Кочани

од Nikola Popovski
392 прегледи

На денешното гласање во Советот на општина Кочани за нов градски татко, независниот советник Венко Крстевски го доби потребното мнозинство и е нов в.д. градоначалник на градот, по оставката на градоначалникот Љупчо Папазов. Тој е избран за извршување на функцијата до следните локални избори во октомври.

Советникот Крстевски доби 9 гласови „ЗА“, а еден беше „воздржан“ за негово назначување, додека неговиот противкандидат Гоце Марков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ доби 8 гласови „за“ и еден „воздржан“.

Тој, меѓу другото порача дека фокусот ќе биде ставен на младите и ги повика сите млади да дојдат со идеи во Кабинетот на градоначалникот.

Претходно од советничката група на СДСМ во Кочани соопштија дека нема да предложат свој кандидат за в.д. градоначалник.

Слични содржини