Советникот на Бајден во ненајавена посета на Либан со порака дека САД не сакаат проширување на конфликтот

од Radmila Tasevska

Советникот на американскиот претседател Џо Бајден Амос Хохштајн пристигна во ненајавена посета на Бејрут, каде порача  дека Вашингтон не сака војната во Газа да се прошири и во Либан.

Хохштајн дојде во ненајавена посета на Либан за да разговара за чувствителната ситуација со претседателот на либанскиот парламент Набих Бери и преодниот премиер Наџиб Микати.

По средбата со Бери, тој им рече на новинарите дека враќањето на мирот долж јужната граница на Либан е од „најголема важност“.

Хохштајн рече дека Бери изразил загриженост за тензиите долж либанско-израелската граница, каде што борците на екстремистичката група Хезболах и нивните сојузници разменуваат оган со израелските војници веќе еден месец од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври.

„САД не сакаат да видат ескалација на конфликтот во Газа и да се прелее во Либан“, рече Хохштајн.

Тој пристигна во Либан на денот кога беа погребани една Либанка и нејзините три внуки, убиени пред два дена во израелски напад и за време на обновената размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах по нападот на израелски воен пункт на границата.

Израел смета дека проиранскиот шиитски Хезболах е најголемата непосредна закана и проценува дека има 150.000 ракети насочени кон Израел. Организацијата има и разни видови беспилотни летала и ракети земја-море.

Слични содржини