Советникот на Блинкен во среда во Скопје ќе разговара за борбата против корупцијата

од Nikola Popovski
221 прегледи

Од 11-ти до 17-ти декември, советникот на Стејт департментот и специјален советник на државниот сектерар на САД, Дерек Шоле ќе ги посети Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Хрватска, а како што е наведено, посетата ја нагласува „континуираната посветеност на Соединетите Америнански Држави за мир, стабилност и просперитет на регионот“.

На 14-ти декември, советникот Шоле ќе пристигне во Сараево, Босна и Херцеговина, за да се сретне со претставниците на владините институции на БиХ за да разговараат за владеењето на правото, економските, енергетските и одбранбените реформи, како и со официјални лица вклучени во борбата против корупцијата и други сериозни злосторства.. Истиот ден тој ќе пристигне во Скопје каде ќе се сретне со владините лидери за да разговараат за низа прашања, вклучително и енергетиката, економијата и борбата против корупцијата.

– Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот, наведуваат од Стејт департментот.

Слични содржини