Советникот на Чулев кој нападна свој колега доби најстрога дисциплинска мерка

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев го прифатил предлогот за донесување решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка и е потврдена предложената дисциплинска мерка за Зоран Ѓоргевски, советник во Кабинетот на Чулев.

На советникот во Кабинетот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, Зоран Ѓоргевски во текот на вчерашниот ден, по предлог на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди му беше изречена суспензија од работното место.

-Во текот на денешниот ден, по иницијатива на истиот оддел беше спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност при што од страна на дисциплинска комисија до министерот за внатрешни работи беше доставен предлог за донесување на решение за изрекување најстрога дисциплинска мерка. Предлогот е прифатен од страна на министерот Чулев и за гореспоменатото лице е потврдена предложената дисциплинска мерка, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот Чулев.

Оттаму потсетуваат дека во текот на изминатиот период во неколку наврати министерот Чулев потенцираше дека законите се спроведуваат неселективно, без разлика на партиската, верската и национална припадност, а постапувањето во конкретниот случај е уште една потврда за таа заложба.

Слични содржини