Советникот на Нетанјаху најави: „Хамас вечерва ќе го почувствува гневот на Израел“

од Stefanija Kuzmanovska
284 прегледи

Советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Марк Регев, изјави дека „Хамас вечерва ќе го почувствува гневот на Израел“ и оти милитантната група „ќе плати за злосторствата против човештвото“.

„Израел вечерва ја започнува својата должност“, изјави Регев за МСНБЦ.

Претходно, Палестинци во Појасот Газа објавија дека копнените сили на израелската армија, вклучително и тенкови, дејствуваат вечерва во енклавата.

Има извештаи за интензивна размена на оган помеѓу војниците и вооружени лица од палестинска страна.

Засега нема потврда од израелската армија ниту од Хамас кој управува со Појасот Газа.

Интернетот, фиксната и мобилната телефонија од вечерва се во прекин во Појасот Газа по интензивно израелско бомбардирање.

Претходно, израелската војска објави дека ги „проширува“ копнените операции, сигнализирајќи дека наскоро може да започне копнена инвазија врз Појасот Газа.

„Во изминатите неколку часа ги засиливме нападите врз Газа. Воено-воздухопловните сили силно напаѓаат подземни цели и терористичка инфраструктура, во големи размери“, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

Од 7 октомври, од почетокот на конфликтот помеѓу Израел и Хамас, според палестински извори, загинале 7.326 луѓе, од кои 3.038 деца.

Слични содржини