Професорот и советник на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Жидас Даскаловски оценува дека Владата треба да го раскине Договорот за добрососедство, но, доколку има план и моќ тоа да го стори.
„Заветна, горда Македонија беше повик за акција кој досега го немаше. Преспанскиот договор е неодржлив за нас Македонците. За да го раскине, Владата треба да има и план и моќ тоа да го стори, или во најмала рака да се договори со Грција за негово модифицирање со, на пример користење на Република Македонија дома, но и надвор (би било значи Republic of Makedonija)“, вели Даскаловски во интервју за „МКД.мк“.
Посочува дека има повеќе механизми за раскинување на договорот, но дека е потребен план за да може Владата да се справи со реакциите потоа.