Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц се појави на „Фокс њуз“ со прилично остра порака за Украина. „Ројтерс“ објави дека тој рекол дека Украина треба „да го намали својот тон, да размисли внимателно и да го потпише договорот“ во кој САД бараат 500 милијарди долари во украински минерални и рудни ресурси.
Валц изјави дека отпорот на Украина кон договорот и начинот на кој Трамп води „мировни преговори“ е едноставно неприфатлив, со оглед на сè што направија САД за Украина.
Но, тој инсистираше на тоа дека овие разлики во ставовите може да се помират бидејќи „претседателот исто така кажа колку го сака украинскиот народ“.
Валц ги негираше тврдењата дека не биле консултирани сојузниците на САД и Украина.
– Има термин за ова во дипломатијата. Тоа се нарекува шатл-дипломатија, бидејќи носењето на сите на маса одеднаш едноставно не функционирало во минатото, рече тој.